Услови за членство

Услови за членство во Online клубот на Ипсос

1. Член на Online клубот на Ипсос (во понатамошниот текст "клуб") станувате со еднократна регистрација на веб порталот http://online.ipsosadria.com/mk/online.

2. Членството во клубот е бесплатно.

3. Секој член може да има само една корисничка сметка. Само еден член од домаќинството може да биде член на клубот. Доколку за одредено истражување потребно е учество на друг член од домаќинството, истиот ќе се повика за учество преку корисничката сметка на носителот/членот на клубот.

4. Членовите на клубот, за учество во одредено истражување се известуваат по пат на електронска пошта (e-mail), и за секој пополнет прашалник добиваат поени на својата сметка од клубот. Бројот на поени за одредено истражување е секогаш различен, и се движи од 5 до 20 поени, во зависност од должината на прашалникот.

5. Освен за пополнет прашалник, членовите на клубот добиваат 1 поен за регистрација, но и по 1 поен за секој нов член кој на нивна покана ќе се регистрира во клубот. На овој начин членот може да освои максимални 15 поени.

6. Откако бројот на поени достигне 100, членот кој ги собрал поените има право да ги замени за одреден подарок.

7. Членовите од клубот не се обврзани да го споделуваат своето мислење, и секој член сам одлучува дали ќе учествува во одредено Online истражување на клубот на Ипсос.

8. За сите информации околу Online клубот на Ипсос, клубот ги известува своите членови со помош на електронска пошта (e-mail).

Заштита на податоци

9. Online клубот на Ипсос посветува големо внимание на приватноста/личните податоци/одговори на секој член на клубот. Собирањето, обработката и користењето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на лични права и податоци (NN 103/03, NN 118/06 i NN 41/08). Во останатите случаи клубот подлежи на строги насоки од кодексот за истражување на ESOMAR (European Society for Opinion and Marketing Research).

10. Online клубот на Ипсос се обврзува дека личните податоците од своите членови, нема да ги проследи или продаде на трети лица. Клубот ќе ги обработува одговорите на членовите исклучиво само за цели на истражувањата.

11. Сите, па и личните податоци кои клубот ќе ги добие од своите членови, ќе ги користи само за реализација на соодветни деловни цели. Податоците ќе им бидат достапни само на вработените од Ипсос и на ниедни трети лица.

12. Во согласнот со склучениот договор со членот, Online клубот на Ипсос користи податоци од членовите како меѓу истите би ги избрал оние кои одговараат за одредено online истражување. Истите, за учество во одредено истражување, Online клубот на Ипсос ги известува со помош на електронска пошта (e-mail) со помош на која исто така ги известува и сите останати вести/информации поврзани со доброволното учество во клубот.

13. Сите информации кои членот на клубот ги приложил во текот на регистрацијата или при дополнителното ажурирање на својот профил во контекст на одредено истражување, се строго доверливи и остануваат анонимни. Ова значи дека се земаат во предвид само резултатите од одредено истражување, а не резултатите/одговорите на одреден член на клубот.

14. Доколку клубот спроведува одредено online истражување за трета страна (пр: Завод за статистика), третата страна секогаш добива анонимни резултати од бараното истражување, спроведено за одредена тема, производ, услуга. Во ниеден случај, не се доставуваат личните податоци/одговори на членовите од клубот.

15. Доколку од различни причини се раскине членството, Online клубот на Ипсос ќе ги избрише сите лични податоци на членот во рок од 60 дена.

16. Во согласност со правилата за лични податоци на членовите, клубот гарантира дека:

  • На поранешните членови нема да проба да им продаде нешто, ниту пак да ги злоупотреби нивните лични податоци со чија помош може да се изврши идентификација на истите.
  • Личните одговори на членовите од клубот ќе останат анонимни и ќе бидат користени збирно, со цел да се изврши одредена статистичка обработка за одредено истражување.
  • Одбивањето да се одговори на одредено прашање нема да има никакви последици за членството во клубот.
  • Во секој момент, членовите од клубот можат да побараат да бидат исклучени од клубот, а со тоа да бидат избришани и сите нивни лични податоци.
  • Online клубот на Ипсос нуди високо ниво на компјутерска заштита до пристапот на лични податоци од членовите во клубот.

17. Доколку клубот добие барање за истражување од трета страна (клиенти на Online клубот на Ипсос) и ги повика своите членови да учествуваат во online истражувањето, одговорите/прашалниците кои ќе ги добие од своите членови, клубот до клиенти ќе ги проследи исклучиво во анонимна форма.

18. Секој член на клубот носи одговорност за своето корисничко име и лозинка. Членот е одговорен за користење на своето име и лозинка како пред клубот, така и пред трети лица. Во случај да трето лице неовластено го користи името и лозинката на еден член, истиот мора да го извести клубот и веднаш да ја промени лозинката.

19. Во случај, трето лице да ја побара лозинката на член од клубот, членот се обврзува да го игнорира барањето и при најмал сомнеж за злоупотреба на лозинката да го извести online клубот на Ипсос. Исто така, членот се обврзува/гарантира дека при секоја посета на корисничката страна на клубот, при нејзино затварање, ќе се одјави (logout) и ќе го затвори прозорецот. Во спротивен случај, постои опасност податоците од членот да бидат злоупотребени од лице кое работи на истата компјутерска единица.

Податоци за членство во online клубот на Ипсос

20. Членот на клубот, во секое време, со помош на името и лозинката, може да го ажурира или промени својот профил кој содржи податоци за него или останати податоци/одговори кои се споделувани при пополнување на прашалниците за одредено истражување.

21. Секој член на клубот има право да ги избрише своите податоци или да го деактивира својот профил со помош на електронската пошта (e-mail) со адреса online.mk@ipsosadria.com.

22. Секој член на клубот се обврзува да ги ажурира своите податоци во профилот, кои пак се потребни за остварување на одредени деловни цели договорени од клубот. Ова се однесува најмногу за неговите податоци за контакт.

Обврски на членовите на Online клубот на Ипсос

23. За да учествува во Online истражувањата на клубот, секој член е задолжен:

  • Да ги прифати приложените услови за работа
  • Членот да биде постар од 14 години и информациите кои ги нуди клубот да не ги користи за деловни цели.
  • Не смее да пополнува неточни информации за себе, кои пак се потребни за регистрација и доброволно учество во клубот.
  • Како член на клубот, истиот смее да се регистрира само еднаш.
  • Мора да биде единствениот член од семејството, кој е регистриран во клубот.
  • Членството кое го стекнал при регистрација во клубот, не смее да го пренесува на трети лица. Исклучок е кога Online клубот на Ипсос бара од својот член во одредено истражување да учествуваат и останатите членови од неговото домаќинство.

24. Секој член се обврзува да постапува совесно со сите податоци. Членот не смее совесно, да ги искривува своите одговори и резултати во истражувањата.

25. Доколку членот при регистрацијата наведе неточни податоци за себе, доколку поседува различни електронски адреси и повеќекратно се регистрирал или доколку својата лозинка ја препраќа на трети лица, Online клубот на Ипсос го задржува правото да го раскине доворот како и да ги исклучи сите одговорите на членот од сите истражувања во кои учествувал членот. Освен тоа, клубот го задржува и правото да ги одземе сите стекнати поени со кои членот се здобил при учество во одредени истражувања. Клубот го задржува правото да изврши надомест на штета и надвор од горе наведеното.

Избор на учесници во истражувањата на Online клубот на Ипсос

26. Online клубот на Ипсос го задржува правото за прифаќање на учесниците во истражувањата веднаш по извршената регистрација.

27. Клубот го задржува правото да го одбере секој член кој ќе биде повикан да учествува во online истражувањата на Ипсос. Доколку голем број на членови ги исполнат критериумите за избор во одредено истражување, клубот ќе изврши избор на членовите по случаен избор.

28. Поканата за учество во одредено истражување, испратена од клубот, го овластува секој член, и се забранува пренос на поканата до трети лица освен во случај кога тоа ќе го побара клубот од своите членови.

Учество во Online истражувањата / приватност

29. Членот кој веќе се регистрирал, не се обврзува да учествува во online истражувањата, меѓутоа членот има можност да учествува во online истражувањата доколку за одредено истражување биде избран како учесник.

30. Членот во секој момент може да престане со пополнување на веќе започнатата online aнкета. Исто така членот има право да престане со пополнување на одредена анкета и да продолжи со пополнување на истата во друг период пригоден за него, секако во согласност на временскиот интервал за пополнување анкети од одредено истражување.

31. Членот се обврзува дека нема да ги проследи информациите до кои дошол, со помош на учество во одредено истражување, ниту дека ќе ги проследи до трети лица.

32. Online клубот на Ипсос го задржува правото да го исклучи или блокира (за одреден период) членот на клубот во случај членот да прекршил една од наведените обврски. Со таквата одлука, членот го губи правото да располага со освоените поени кои ги стекнал при учество во online истражувањата.

33. Членот се обврзува дека нема да поднесе судска постапка против Ипсос доколку трето лице ги користи услугите на клубот, меѓутоа членот има право на судска разврска доколку трето лице ги злоупотребило податоците на Ипсос без знаење на членот и клубот. Одговорности на online клубот на Ипсос.

34.Online клубот на Ипсос нема да одговара за технички проблеми чија причина не е во надлежност на клубот на Ипсос, за штети во случај на виша сила, непредвидливи случувања или за штети причинети од трети лица.

35. Клубот има право да ги раскине услугите за одредено време, заради внатрешни причини, и членот нема право да бара надомест на штета од страна на клубот.

36. Клубот не е одговорен за консеквентна оштета, индиректни штети, нереализирани заштеди, загуба на профит, губење на интерес или штети кои произлегуваат од експлатацијата на членови од страна на трети лица.

37. Доколку Online клубот на Ипсос по барање на трета страна (Завод за статистика, АЕК, Совет за радиодифузија) започне истражување на јавното мнение и повика одредени членови да учествуваат во истото, клубот не гарантира за содржината на информациите кои ги бара налогодавачот. Доколку клубот добие информации за противзаконски содржини нема да ги прифати упатените барања и веднаш ќе ја стопира работата на противзаконското истражување. Добиените одговори од членовите, клубот нема да ги земе во предвид ниту ќе ги достави до налогодавачот.

38. Клубот не одговара ниту за линкови од одреден портал ниту пак за содржината во истите. Хиперлинкови наведени на online клубот на Ипсос.

39. Клубот нема никакво влијание врз уредувачката политика на порталите, а со тоа и измена на одредени линкови, содржина и понуда во истите.

40. Клубот не е одговорен за веродостојноста, комплетноста, објективноста и навременоста на содржината до кои може да се дојде преку линкови на страниците на клубот.

41. Одговорност за било каква штета, предизвикана од користењето на овие веб-портали, ја носат единствено сопствениците на порталите. Доколку добие информации за одредени линкови online клубот на Ипсос ќе ги отстрани, штом биде во можност.

42. Прашалниците и нивната содржина, објавени на online клубот на Ипсос се заштитени. Не е дозволено нивно складирање, дуплирање, обработка, модификација, проследување до трети лица дури и ако тоа се однесува само на делови или извадоци од податоците за истражување.

43. Дозволена е само изработка на копија од објавената содржина која клубот ја ставил на располагање (не и содржината од истражувањето) исклучиво за лични, а не деловни потреби со видливост кон истите дека содржината е изработена од online клубот на Ипсос. Клубот забранува секакво друго размножување, дистрибуција или објава на содржината без писмена согласнот од клубот, а која може да се побара на online.mk@ipsosadria.com.

Времетраење на договорот, прекин на членството во клубот и правни последици

44. Членството во клубот е бецплатно и на неодредено време. Секој член има право да го прекине членството, без особена причина, на електронската адреса (e-mail) online.mk@ipsosadria.com или со клик на линкот за прекинување на членство во клубот, кој пак линк го има во секоја електронска порака која ја испраќа клубот до своите членови.

45. Поништувањето на членството станува активно веднаш штом клубот добие порака од членот. По добивање на пораката, клубот го одјавува членот и од тој момент членот не добива пораки за учество во истражувањата на клубот. Од тој момент, па се до истекот на 60 дена од добиената порака, клубот е должен да ги избрише сите податоци кои членот ги пополнил при регистрација во клубот.

46. По извршената одјава, членот располага со своите поени уште 14 дена. По истекот на 14 дена, поените на членот се поништуваат.

47. Заради одрдена причина, на пример основано сомневање за прекршување на некоја од одредбите во клубот, од страна на членот, online клубот на Ипсос може да го раскине членството без наведување на одредена причина, во било кој момент со моментално стапување на сила на одлуката на клубот. Раскинувањето на членството, клубот може да го изврши со помош на писмена порака/писмо, факс, електронска пошта (e-mail). Одговорите од моменталното истражување на членот кој е исклучен од клубот, не се земаат во предвид. Клубот го задржува правото да ги одземе сите освоени поени кои членот ги освоил до тој момент. Сите податоци од членот се бришат во рок од 60 дена од раскинување на членството.

48. Доколку дојде до прекин на членството во клубот, повторна регистрација е можна по 2 месеци.

Промени во условите за соработка

49. Членот, по пат на електронска пошта (e-mail) ќе биде благовремено известен околу сите промени во условите за соработка во клубот. По добивање на информација околу промени во условите за соработка, членот е должен во рок од 14 дена да поднесе писмен приговор. Во спротивен случај ќе се смета дека членот ги прифатил наведените промени од страна на клубот.

50. Online клубот на Ипсос мора да прими писмен приговор од 14 дена. Доколку не добие писмен приговор, клубот ги активира промените веднаш, по истекот на зададените 14 дена. Клубот има обврска да одговори на писмениот приговор по пат на електронска пошта.

51. Доколку одредени одредби од условите за работа се нејасни, тоа не влијае над останатите одредби од условите за работа. Во тој случај важат одредбите кои најдобро одговараат на првобитната смисла на поединечните одредби.

Copyright (c) 2018 Ipsos