Најчесто поставувани прашања (FAQ):

Што е online клубот на Ипсос?

Како член на online клубот на Ипсос, на својата електронска адреса (e-mail) во различни временски интервали добивате повици за учество во одредени истражувања пополнувајќи online анкети. На тој начин имате можност да го кажете своето мислење за различни актуелни теми, производи и услуги. Со целосно пополнување на анкетните прашалници, имате можност да освоите поени кои во иднина можете да ги претворите во вредносен ваучер. Членството во клубот е потполно бесплатно, а со Вашите одговори се однесуваме строго доверливо, во согласност со општите упатства на кодексот за истражување на пазар ESOMAR (European Society for Opinion and Marketing Research).

Кои се предностите кои ги имам како член на online клубот на Ипсос?

  • За секоја целосно пополнета анкета доделуваме поени. Кога ќе соберете одреден број поени добивате вредносен ваучер на Вашата домашна адреса.
  • Членството во клубот е бесплатно.
  • Не постои обврска за учество во online истражувањата.
  • Вашите лични податоци ги третираме строго доверливо во согласност со ESOMAR стандардите.

За што добивам поени?

  • Регистрација
  • Пополнување на воведен прашалник
  • За секоја целосно пополнета анкета
  • Пријавување на нов член во клубот

Колку често можам да учествувам во online истражувањата на Ипсос, пополнувајќи анкети?

Учеството во истражувањата зависи од Вашиот профил (пол, возраст и останати демографски податоци). Различни истражувања се однесуваат на различни луѓе. Во зависност од Вашиот профил, ќе Ве контактираме на Вашата електронска адреса (e-mail) за учество во истражувањата на клубот. Колку често ќе бидете повикани за учество зависи од бараниот профил, засебно за секое истражување.

Колку поени добивам и за што?

Во продолжение можете да го проследите табеларниот приказ во кој се наведени поените кои ги добивате со учество во online истражувањата на клубот на Ипсос:

Бодување Број на поени
Пополнување на прашалник за регистрација
5
Пополнување на воведен прашалник
10
По Ваша препорака, пријава на пријател за членство во клубот
5
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути
10
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 15 минути
15
Анкетен прашалник во времетраење од 16 до 20 минути
20
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 25 минути
25
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 25 минути
30

Кога ќе соберете минимум 100 поени имате право да побарате вредносен ваучер во вредност до 500 денари.

Својот вредносен ваучер можете да го побарате на електронската адреса (e-mail) online.mk@ipsosadria.com со испраќање на Ваши податоци кои ни се потребни за достава на истиот: име и презиме, адреса и поштенски број, датум на раѓање или некој друг доверлив податок од Вашиот документ за идентификација.

Во рок од 10 работни дена, online клубот на Ипсос на Вашата адреса ќе го испрати бараниот вредносен ваучер. Ваучерот се испраќа преку пошта, и морате лично да го примите.

Поените кои ќе Ви останат можете да ги надополните со собирање на нови поени.

* На овој начин можете да соберете максимални 15 поени

Дали членството во online клубот на Ипсос е бесплатно?

Вашето членство во клубот е потполно бесплатно.

Како се гарантира сигурноста на моите податоци?

Вашите внесени информации/податоци се пренесуваат до клубот со помош на SSL технологијата (SecuritySocketLayer) во шифрирана форма. SSL претставува протокол кој обезбедува канал за комуникација и овозможува идентификација на серверот. Оваа технологија се уште се смета за еден од најбезбедните решенија кои во моментов се на располагање.

Како можам да се одјавам од online клубот на Ипсос?

Доколку во иднина не сакате да добивате повици за учество во истражувањата и повеќе не сакате да бидете наш член, Ве молиме да кликнете на линкот "Unsubscribe" во некоја од електронските пораки кои сте ги добиле на Вашата корисничка страна. Исто така можете да ни испратите и електронска порака на нашата e-mail адресата: online.mk@ipsosadria.com. По извршување на одјавата нема да добивате пораки од online клубот на Ипсос.

Кого можам да контактирам во случај да имам дополнителни прашања или технички проблеми?

Во случај да имате дополнителни прашања или технички проблеми слободно испратете ни порака на e-mail адресата: online.mk@ipsosadria.com. Ќе се обидеме да Ви одговориме во најкраток временски период.

Copyright (c) 2018 Ipsos